menu

Inside The B World

by Marija and Martina ^

Pierre Cardin Home Macedonia

 

 

Како љубители на убавото, хедонисти кои сакаат да уживаат во секој аспект на животот, секогаш ни е мило да оствариме соработка со малку поразличен тип на бренд освен бренд за облека. Pierre Cardin Home Macedonia е брендот кој не претставува во аспект на ентериер. Овој бренд влезе на македонскиот пазар во 2017-та година за да понуди софистицирани и функционали решенија за сечиј дом, со уникатни теписи и рачно изработени килими, мебел, душеци и аксесоари.

Chesterfield Sofa – Секое парче во салонот доловува парче историја и не претставува само мебел туку и парче уметност. Денешните примероци на Chesterfield софата се инспирирани од оригиналниот примерок изработен по нарачка од Лорд Филип Станхоуп, кој освен за познат политичар и писател, важел за голем трендсетер. Главната цел на ваквиот мебел била да се овозможи седење без гужвање на облеката.

 

 

Fendi тепихот е посебна уметност за себе. Овој тепих е изработен од бабмусова свила која прави да се прелива и сјае. Гледајќи го од различни агли, тепихот добива различен колорит. Препознатливи карактеристики на Fendi теписите се украсите кои наликуваат еден на друг и малите реси. 

Свила - Под закана од смртна казна производството на свила илјадници години било добро чувана тајна, а овој чудесен природен материјал смееле да го користат само членовите на царските семејства и највисоките државни лица. Синтагмата „живот во свила и кадифе“ долго го означувала статусниот симбол на богатите, а денес има и преносно значење и зборува за тоа дека некој живее удобно. Овој тепих е рачно изработен за кој биле потребни речиси две години да биде направен. Тепихот е со изразено црвени и жолти тонови кои ги потенцираат ориенталните детали, а кои во себе ја носат долговековната традиција и мистика.

Секој детал на секое парче заслужува да биде виден и почуствуван од блиску, па за се што не успеавме да доловиме преку фотографиите, нивниот салон е отворен за секој обожавател и уживател на ексклузивни и уникатни парчиња мебел и теписи.

Фотографија:  One and only VRZALSKI

МАРТИНА: Сако и пнатолони - ORSAY

МАРИЈА: Пантолони- STRADIVARIUS

Блуза - ZARA

 

 

 

 

0 COMMENTS
Leave your comment

Leave A Reply

Your email adress will not be published.
Fields marked with * are required.