Inside The B World


by Marija and Martina ^

Leave a MARK everywhere you go

За сите девојки кои шминката ја гледаат како начин да се изразат, да ја истакнат својата личност, да бидат забележани и креативни, компанијата Avon креираше нова линија Mark која е составена од смели и впечатливи мејкап производи. Промоцијата на новата линија ги израдува вистинските љубители на декоративна козметика кои знаат дека шминкањето е уметност.

Mark им дава на трендсетерките дополнителна мотивација да го покажат својот талент за експериментирање и да си играат со техники, бои и текстури како вистински уметници. Благодарение на широкиот спектар високо пигментирани производи за очи, усни, лице и нокти со силни нијанси, девојките имаат неограничени можности да создаваат ремек – дела кои ќе им помогнат да остават впечаток во секоја ситуација.

Најдобар пример за моќен Mark производ инспириран од уметноста е новата маскара Spectralash која овозможува целосна контрола над волуменот на трепките. Поради посебно дизајнираниот апликатор, четкичката може да се намести на три различни густини – за истакнати, поистакнати и најистакнати трепки.

Карминот во смела бордо нијанса ја следи идејата на оваа колекција и остава силен впечаток.

Подлогата за пудра е одлична база за шминката на денот и одлична заштита за лицето.

Производите од оваа линија веќе се претставени во новата брошура на Avon која може да се најде на веб-страницата avoncosmetics.com.mk

0 COMMENTS
Leave your comment

Leave A Reply

Your email adress will not be published.
Fields marked with * are required.

    
    Don't miss any updates!
    x